Шолц: Убаво е да се види како сите ѝ помагаме на Украина, парично и со испорака на оружје
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска предупреди дека самитот на 44-та шефови на држави или влади во Европа, што почна во Прага, не може да го игнорира рускиот напад на Украина.
– Убаво е да се види како сите ѝ помагаме на Украина, парично и со испорака на оружје, истакна Шолц. Како и францускиот претседател Емануел Макрон, Шолц исто така ја нагласи потребата цела Европа солидарно во енергетската криза да обезбеди помош за домаќинствата и компаниите. Макрон и Шолц сметаат дека треба да се поддржи европската стратегија за намалување на цените на енергијата. Шолц потсети дека не е загрозена само Европа, туку и азиските сојузници, како Јапонија или Јужна Кореја.
Домаќинот на самитот, чешкиот премиер Петр Фијала посочи дека важен е сигналот до Русија, дека без неа се состануваат лидерите на целиот континент, а не само на Европската Унија.
– Тоа, без сомнение, е важен сигнал за Владимир Путин дека сите европски лидери се сретнаа и го решаваат тоа што ги мачи, додаде меѓу другото Фијала. И претседателот на Франција и премиерите на Германија и Чешка се согласни дека Европската политичка заедница не смее да стане некоја нова институција со бирократија, какви што ги има доволно во Европа, а исто така не е замена за процесот на проширување на Европската Унија.
– Тоа е голема иновација. Немаме јасна агенда, не мора да се донесуваат заклучоци, можеме да разговараме. Разговорите се добри за мир, економска стабилност, просперитетот на земјите. ЕУ така може да ги подобри односите со соседните земји што сè уште не се нејзини членки, подвлече Шолц. Според Фијала, од самиот почеток било договорено да не се создава нова институција.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија