Шолц го повтори ветувањето дека ќе продолжи да испраќа оружје за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на Самитот за прогресивно владеење во Берлин повторно вети дека ќе продолжи да испорачува оружје на Украина се додека тоа биде потребно. Тој всушност денеска само ја повтори пораката испратена претходно оваа недела од лидерите на Групата седум најразвиени економии –Г7, со кои во моментов претседава Германија.
-Германија ќе ја продолжи својата поддршка се додека е потребно, се додека таа поддршка е потребна за да се одбрани од одвратната руска агресија, рече тој. Шолц додаде дека рускиот претседател Владимир Путин јасно ставил до знаење дека „оваа војна не е само Украина“.
-Војната е дел од крстоносна војна против либералната демократија, крстоносна војна против меѓународниот поредок заснован на правила, крстоносна војна против слободата и напредокот, крстоносна војна против нашиот начин на живот и крстоносна војна против она што Путин го нарекува колективен Запад и кога мисли на сите нас, изјави германскиот канцелар.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
