Шокантно: Касапеле лав пред деца во Зоолошка градина
Данската зоолошка градина денес приреди „час по анатомија“, пред десетина деца сецирале тело на лав, со што предизвика гневна реакција на активистите за заштита на правата на животните кои настанот го опишале како „грозоморен спектакл“.
Девет месеци стар лав беше еден од трите младенчиња кои во Зоолошката градина во Оденз, во централна Данска, кој беше успиен минатиот февруари откако не успеа да ги вдоми. Оттогаш неговото тело беше чувано во ладилник.
Меѓу 300 и 400 деца и повозрасни посетители се собраа да присуствуваат на дисекција на лавот што ја изврши еден од работниците на Зоолошката градина, Расмус Колинд.
Гледајќи го сецирањето кое започна со отсекување на јазикот на животното, децата ги затнуваа носовите и со гримаси на гадење следеа како Колинд ја дере кожата на лавот ширејќи непријатен мирис.
- Мртвите животни мирисаат како мртви животни. Тука не што многу да се рече, рече Колинд на насобраната маса во која имаше деца помлади од четири години.
- Не сакам тоа да го гледам, извика едно од момчињата, додека едно девојче го опиша случувањето како „забавно, но помалку одвратно“.
Претставничката на Зоолошката градина Лоте Транберг објасни зошто морале да го успијат лавот.
- Ако дозволевме да остане најверојатно би се парел, би имал младенчиња, со своите сестри и мајки. Тоа би било она што го нарекуваме сродничко парење, наведе таа.
Јавните сецирања се редовна појава во данските зоолошки градини, каде се сметаат за интересна научна едукација на децата за природата.
Сепак, ваквото случување има и свои противници.
Претставниците на Меѓународното хуманитарно здружение за Европа, Венди Хигинс, ја обвини зоолошката градина во Оденс дека „од трагични случувања прави грозоморен спектакл“.
Слично случување, но со жирафа приредено е минатата година во Зоолошката градина во Копенхаген. Исто така, и тогаш јавноста бурно реагираше, а директорот на зоолошката градина доби закани со смрт.
Ново на Сител
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО
-
Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка
-
Зеленски предлага прекин на огнот додека не се сретне со Путин
-
Без вода утре неколку улици во Карпош