-->
-->
Шокантни снимки од уништената Флорида: Ураганот Мајкл остави пустош зад себе, градовите во вистински хаос
-->
Ураганот Мајкл кој ја погоди Флорида остави пустош зад себе. Ова станува трет најсилен ураган кој некогаш е забележан во САД и најсилен ураган кој ја погоди Флорида во последните 100 години.
Најголема штета е нанесена во градот Панама, Основното училиште во Џинкс кое е толку многу уништено што Брет Адаир можеше со својот дрон да влета низ уништената спортска сала на училиштето.
Медиумите ја пренесоа неговата снимка. Ураганот буквално уништил се, дури се срушени и ѕидовите. Интересно е, што мрежата за одбојка останала недопрена.
Насекаде низ градот се гледаат срушени столбови на далеководи, искршени стебла и срушени куќи.
Повеќе од 359.000 потрошувачи останале без струја. Итните служби апелирале до граѓаните да не излегуваат од своите домови додека комуналните служби не ги довршат остранувањата на опасните објекти.
Вонредна состојба е прогласена низ цела Флорида.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027