Шок во регионот: Се породи 13-годишно девојче, нејзината мајка пресреќна
Во болницата во Брчко, БиХ, пред неколку дена се породи 13-годишно девојче. Таа била примена со болки и според процедурите, докторите ја породиле со царски рез. И девојчето и нејзиното бебе се добро, велат од тамошната болница.
Мајката на 13-годишното девојче, Када Фехатовиќ, гледа ништо лошо во тоа што ќерка и се породила на тие години, пишува босански „Авас“, чии новинари го посетија семејството.
– Taа се омажи за Шериф Сулиќ во Брчко и после година дена си добија дете. Не знам колку години има тој, но знам дека е многу постар од неа. Плачев од радост кога се породи. Јас и мојот човек сме болни, но ја заборавивме болеста од среќа што добивме уште едно внуче, изјавила мајката.
Од Центарот за социјални работи велат дека законот е јасен, малолетниците може да влезат во брак во одредени случаи, само со наполнети 16 години, со одобрение на родителите, лекар и полиција.
Во тек е истрага за случајот, а доколку се докаже дека е виновен, „сопругот“ на девојчето може да добие и до осум години затвор.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228