Шок во модниот свет: Познатата креаторка се повлече од дизајнот

Модната креаторка Каролина Ерера (79) со својата последна колекција на Њујоршката модна недела, се прости од дизајнот. Оваа вест ги шокираше сите почитувачи на нејзината работа како и многу клиенти.
Имено, дизајнерката донесе одлука дека се повлекува од позициите на креативен директор на брендот. Своето место му го отстапи на Вес Гордон кој до неодамна работеше како консултант.
Таа ќе ја преземе улогата на глобален амбасадор на брендот, позиција која ќе и овозможи повеќе време да помине со децата и внуците, но тоа не значи дека решила да се пензионира.

-Немојте да ми споменувате пензија. Не се пензионирам туку одам напред, кратко искоментира славната дизајнерка за „Њујорк пост“.
Инаку Ерера ја основаше својата модна куќа во 80-тите година од 20.век и стана препознатлива во модната индустрија по гламурозните и дамски креација.
Нејзиниот дизајн го несеа некои од најпознатите жени во светот, меѓу кои и некогашните први дами на Америка, Џеки Кенеди и Мишел Обама.

Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
