Балкан
13. February 2016 - 9:19

Шок и неверување: Двегодишниот Матеја почина во градинка од синдром на ненадејна смрт

Обдукцијата врз телото на двегодишниот Матија М., кој во средата заспал во градинка и повеќе не се разбудил, можеби никогаш нема да даде одговор зошто детенцето почина во сон.

Лекарите од детската клиника во Тиршова улица во Белград каде е пренесено детето, велат дека постојат различни фактори кои може да доведат до ненадејна смрт на детето, вклучувајќи и скриени здравствени симптоми или гушење во сон.

Vrtić Dečji lug (Foto: Dragan Kadić)

 

Тие додаваат дека е можно да е последица на синдромот на ненадејна смрт. Станува збор за појава поради која умираат и потполно здрави деца. Најчесто се врзува за бебеиња, и на Запад тоа се вика уште и „смрт во колепка“.

Tiršova (Foto: Zorana Jevtić)

Науката вели дека тој синдром најчесто се случува кај машки бебиња на возраст од четири до шест месеци, но го има и кај постари деца. Најчесто се јавува во сон, а може да се случи и како последица на ретки метаболитички болести за кои не се знаело. Често се случува причината за смртта да остане неразјаснета.

Обдукцијата се прави на Военомедицинската академија во Белград, но резултатите ќе бидат познати дури за месец дена. Целиот процес дополнително се успорува поради тоа што е под истражна постапка.