Шкријељ: Со СДСМ има континуиран раст на пензиите, за една година зголемување од 16 отсто
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани.
И во време на светска економска криза, преку одговорен пристап и инклузивен процес обезбедивме средства за рекордно зголемување на пензиите.
Околу 330.000 пензионери добиваат покачување од 6,8 отсто на пензиите. Во пракса тоа значи дека оној кој добива просечна пензија од околу 17.000 денари, сега има покачување од околу 1.200 денари.
Ваквото покачување се должи на новата методологија на усогласување на пензиите, договорена заедно со пензионерските здруженија.
Согласно овој модел процентот на покачување е збир од 50 отсто од порастот на трошоците на живот и 50 отсто од растот на просечната плата.
Годинава, ова е второ покачување на пензиите, откако во март тие беа зголемени за 2,9 отсто, што значи дека во период од само шест месеци имаме вкупно околу 10 отсто зголемување на пензиите.
Следното покачување на пензиите според Законот е во март 2023 година.
Имајќи ги предвид сите тенденции се очекува дека и тоа покачување ќе изнесува некаде над шест отсто.
Тоа ќе значи покачување на пензиите од 16 отсто во период од само една година, односно од март 2022 до март 2023 година.
Ова е показател за одговорниот пристап на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, кои во време на светска економска криза се посветени на обезбедување подобар живот за сите граѓани.
Грижата продолжува, нашите највозрасни сограѓани, кои ја граделе оваа земја, заслужуваат да имаат достоинствена старост.
Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња