Шинејд О’Конор се лекува од зависности и психички проблеми

Ирската поп-пејачка Шинејд О’Конор се пријавила на лекување на зависност од дрога и психички проблеми.
На својот профил на Твитер, пејачката напиша дека за првпат во животот е подготвена да побара стручна помош за да ги реши своите психички проблеми и да се ослободи од зависноста од дрога – проблеми што ја мачат веќе шест години.
„Оваа година изгубив некој што го сакав и тоа многу влијаеше на мене… Лекувањето ќе трае една година, па затоа ги одложив сите планирани концерти за 2021 година“, рече О’Конор.
Таа пред неколку години призна дека како дете била подложена на вербално и физичко насилство од нејзината мајка. Потоа, таа имала и нагони за самоубиство. Шинејд додава и дека, сепак, објавувањето на нејзината автобиографија, што ќе се случи налето, не е откажано.
Ново на Сител
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
