Шимон Перес во стабилна, но тешка состојба

Поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес е во стабилна, но тешка состојба, изјави изутринава Јицак Крејс, директор на болницата покрај Тел Авив, во која тој вчера беше сместен по претрпениот мозочен удар.
- Перес ја мина ноќта без компликации, додаде Крејс.
Портпаролот на поранешниот претседател изјави дека 93-годишниот Перес се уште е ставен на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.
Перес во јануари претрпе лесен инфаркт и пред една недела му беше вграден пејсмејкер.
Шимон Перес кусо време беше премиер меѓу 1984 и 1986 година и за период од осум месеци по убиството на премиерот Јицак Рабин во 1995 година. Подоцна тој беше избран за претседател и ја заземаше позицијата во периодот 2007-2014 година. На меѓународната сцена имаше репутација на борец за мир и во 1994 година заедно со палестинскиот лидер Јасер Арафат беше удостоен со Нобеловата награда за мир за потпишување на мировните согодби во Осло.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
