Шилегов: Работиме на нов кружен тек кај Момин поток
Продолжуваме со претставувањето на решенијата кои веќе се работат во нашиот град и кои ќе овозможат нашиот град до крајот на 2024 да стане вистинска европска метропола, решенија кои што нудат крај на сообраќајниот хаос во нашиот град, решенија кои што ќе овозможат побрза урбана комуникација во Скопје, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, актуелен и кандидат за градоначалник на Град Скопје на СДСМ и коалицијата.
– На Момин поток, на 20 јули започнаа градежните работи на големата клучка каде веќе се изработува и за само неполни два и пол месеци успеавме да влеземе во поодмината фаза на земјените работи. Станува збор за изработка на клучка која од „Хубо маркет“, на девет метри го подигнуваме булеварот со цел во ридот да се изработи големиот кружен тек кој што ќе озвозможи заради неговата висина од девет метри, правецот на булеварот „Никола Карев“ кој што го пуштивме во употреба оваа година, всушност нема семафори и со тоа целосно овозможиме непречен проток на сообраќајот, непречен проток на возилата, но меѓутоа и многу битно непречен проток на велосипедите, имајќи во предвид дека овде ќе биде изработен и првиот велосипедски мост во нашиот град, рече Шилегов.
Токму од тие причини, дополни, заедно со клучката во булевар „Словенија“ за која што веќе е завршена постапката, всушност го овозможуваме непречено движење на нашите граѓани, меѓутоа и излегувањето од градот во правецот кон Косово, имајќи во предвид дека „Хасан Приштина“ ќе биде булевар четири коловозни ленти во Визбегово. Овде почнува и да се гради булеварот „Словенија“, кој што оди до Волково, булевар кој што ќе овозможи на нашите граѓани од делот на Општина Ѓорче Петров да имаат комуникација и со останатиот дел од градот, но и со самиот центар. Ова треба да биде завршено за околу година и половина, во текот на 2023 година, рече Шилегов.
Создавајќи ја оваа инфраструктура, потенцираше Шилегов, ги удираме темелите на Скопје кое што ќе се развива во вој дел од градот и со тоа ќе ставиме крај на неконтролираната урбанизација во населениот дел од градот. Тој истакна дека само со вакви храбри, револуционерни движења, одлуки и решенија овој град може да стане европска престолнина.
– Јас сум човек кој што никогаш не ветил брзи решенија. Јас сум човек што секогаш направил добри анализи, добри студии и врз основа на тие анализи и студии ги нудиме решенијата кои што ќе ги решат проблемите не само денеска, туку се решенија коишто ќе гарантираат дека во наредните 50 години Скопје навистина ќе нема проблеми ниту во движењето, ниту во сообраќајот, изјави Шилегов.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
