Шилегов: На сопственикот на Бентлито кое се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го објави записникот за сторен сообраќаен прекршок кој се однесува на возачот кој со автомобил помина под украсите на плоштадот во Скопје на неговиот фејсбук профил.
Според сообраќајниот прекршок содржан во чл. 187 став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот арачиновецот кој возеше со автомобил на плоштадот Македонија во Скопје заработил казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени согласно со одредбите од овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.

„Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот! Благодарност до МВР и министерот Оливер Спасовски за брзата реакција. На сопственикот на Бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок“, напиша градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
