Шилегов и ја предаде должноста на Арсовска

Во просториите на Град Скопје, денеска се одржа примопредавањето на функцијата градоначалник каде досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов и ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска. Изјава по настанот даде само Шилегов, кој истакна дека ја запознал Арсовска со основните работи битни.
– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.
Од тимот на Арсовска најавија дека во следните денови новата градоначалничка на Скопје ќе и се обрати на јавноста преку новинарите.
Шилегов, во својство на член на СДМС, ги коментираше и последните политички случување со мнозинството во Собранието, при што рече дека она што се случувше во текот на викендот повеќе било замајување на јавноста, забава на јавноста и обид да се остане некако во политичка игра. Во текот на неделата како што посочи Шилегов, ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која многу од работите ќе бидат разрешени.
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
