Шилегов го претстави планот „Живот во Македонија“ во Теарце
Носителот на листата за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов со дел од кандидатите за пратеници попладнево го посетија општинскиот центар Теарце. Тие се сретнаа со жителите на ова тетовско село, разговараа за проблемите и ја претставија програмата „Живот за Македонија“.
- Теарце во 21 век нема канализација и тука, во Полог, луѓето се соочуваат со основните животни потреби, а не се ставени во никаква реализација, изјави Шилегов, според кого навредливо е за жителите што ВМРО-ДПМНЕ и неговиот опонент во ИЕ 6 Влатко Ѓорчев по 11 години владеење сега да почнуваат да ги решаваат потребите на граѓаните.
Тој го посочи Теарце како општина со симбиоза за заедничко живеење и пример за општеството што сакаат да го изградат. Рече дека нудат план за живот за младите да останат овде и да работат.
- Ќе посетиме и дел од производствените погони тука, и ќе поразговараме со работниците за минималната плата што ја гарантира СДСМ во првите три месеци од владеењето и како ќе стасаме до минимална плата од 16 илајди денари и просечна плата од 30 илјади денари во Република Македонија, изјави Шилегов.
Со останатите кандидати за пратеници од СДСМ, тој вечерва ќе оствари и средби со жителите на Глоѓи.
Ново на Сител
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд
-
Никој не знае кога ќе профункционираат хируршките сали на Клинички
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Во просек годишно во Македонија гинат 60 лица по глава на милион жители во сообраќајни незгоди
-
Со марш во Скопје одбележан светскиот Ден на лицата со мултипла склероза
-
Земјите од Западен Балкан потрошиле 3,5 милијарди долари за антикризните мерки