Шилегов денеска ќе го разреши директорот на Дрисла
Градоначалниот на Скопје Петре Шилегов денеска во 14 часот ќе ги достави документите до Централен регистер за разрешување на директорот на „Дрисла“ Горан Ангеловски.
Шилегов ова го изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека ќе назначи в.д. директор на депонијата, но не сакаше да го каже името на новиот директор.
Шилегов вчера на прес-конференција го објави дека Депонијата „Дрисла“ со решение од Централен регистар станува јавно претпријатие на Град Скопје.
– Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник, рече вчера Шилегов.
По седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари ќе бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии