Шилегов: Без селекција на отпад Скопје месечно губи 120.000 евра

Фактот што во Скопје досега не сме креирале политика на селекција на отпад, значи дека Град Скопје губи 120.000 евра месечно само од проста селекција, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Можностите шти ги нуди отпадот со денешните технологии и начинот на неговата обработка, рече тој, го прави отпадот комерцијална компонента од која секој добро организиран град ќе може да профитира. Почетоците тој ги очекува од оваа есен.
– Скопје полека станува добро организиран град и тоа може да се забележи во работењето на градот, начинот на кој функционираме, повискоите стандарди што ги бараме и таквите стандарди ќе ги примениме и во „Дрисла“, рече Шилегов по завршувањето на петтата вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која беа донесени одлуки со кои се поништија претходните договори и постапки за давање на депонијата „Дрисла“ под концесија и одлука со која „Дрисла“ стана јавно претпријатие во надлежност на Градот.
По осум години немање владение во „Дрисла“, како што рече Шилегов, потребно е да направиме едно сериозно скенирање на состојбата за тоа што всушност се случувало таму и кои се финансиските капацитети.
– „Дрисла“ на извесен начин е самоодржлива, но и ваква каква што е може да носи определени профити. Откако ќе направиме анализа на тие состојби, тогаш можеме да видиме дали Градот со свои лични вложувања може да го унапреди тој процес и систем или ќе ни биде потребна помош од приватен партнер, смета Шилегов.
Ново на Сител
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
