Македонија
6. September 2021 - 13:33

Шилегов: Бени Шаќири во втор круг ќе ме поддржи мене

Коментирајќи ја кандидатурата на Бени Шаќири за градоначаник на Скопје од страна на партиите ДОМ и ЛДП, Шилегов изрази убедување дека во вториот круг Шаќири него ќе го поддржи.

– Јас и Бени сме другари, пријатели. Јас ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Јас убеден доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече тој.