Шевченко ја обвини УЕФА дека не сака да има Украинец во раководството на организацијата

Претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Шевченко, кој не влезе во новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на европски фудбалски сојузи (УЕФА), ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од земјата во раководството. Коментарите на Шевченко ги пренесе прес-службеникот на федерацијата.
Конгресот на УЕФА се одржа на 3 април во Белград. Во гласањето за новиот состав на Извршниот комитет учествуваа 55 земји, вклучително и претставници од Норвешка, Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Естонија и Ерменија.
- За жал, во последните неколку дена добивме сигнали дека поради политички фактори Украина, како и јас лично, нема да бидеме во раководството на УЕФА. Оваа загриженост ја потврдија и настаните за време на самиот конгрес, изјави Шевченко.
Шевченко (48) во текот на кариерата настапуваше за Динамо Киев, за италијански Милан со кој ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа, како и англиски Челси. Со лондонскиот тим го освои ФА купот, англискиот Лига куп и Суперкупот на земјата.
Добитник е на „Златната топка“ за 2004 година.
Од 2016 до 2021 година беше селектор на репрезентацијата на Украина, а ја предводеше и италијанска Џенова (2021-2022).
Од јануари стана претседател на Украинската фудбалска федерација.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
