-->
-->
Шестмина тинејџери пронајдени мртви во колиба во Германија
-->

Шестмина тинејџери вчера биле најдени мртви во колиба во близина на германскиот град Арнштајн, во покраината Баварија, соопшти локалната полиција, цитирана од ДПА.
Групата тинејџери, на возраст меѓу 18 и 19 години, претходната вечер заминале во колибата на забава. Таткото на двајца од тинејџерите, кој бил сопственик на колибата, вчера отишол до колибата загрижен што тие не му се јавиле утрината на телефон.
Во дрвената барака тој ги пронашол безживотните тела на синот и ќерката, како и и на четворицата нивни другари.
Полицијата не ја утврдила причината за трагедијата, но не открила ниту докази за извршено злосторство.
Во колибата имало печка на дрва, која била запалена, и иследниците не ја исклучуват можноста за труење со јаглерод моноксид
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
