Шеста по ред школа за млади лидери во Охрид
Школата за млади лидери е влог во европеизацијата на Македонија ако не можеме да бидеме дел од Европската Унија барем младите да ги направиме европјани истакна претседателот Ѓорге Иванов .Мисијата на школата е да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците .
Преку предавања и обуки од страна на еминентни предавачи младите ќе ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.
- Франко Фратини, поранешен потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија
- За да бидете вистински лидер мора да ја сакате вашата земја. Не можете да бидете лидер ако еден ден ја напуштите вашата земја без жалење. Јас ја сакам мојата земја јас ја сакам Европа и затоа работам и ќе работам за доброто на мојата земја и за доброто на Европа.
- Бугарија е дел од ЕУ сега се соочуваме со други предизвици, други проблеми но Бугарија е членка на ЕУ и еден ден јас ќе бидам многу среќен да ја видам Македонија како дел од ЕУ и заедно да чекорат со Бугарија, со Србија и останатите балкански земји.
На шестата по ред школа за млади лидери која што се одржува во Охрид ќе присуствуваат 20 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко, кои ќе ги пренесат своите искуства и видувања за лидерството на вкупно 44 учесници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
