Шест видеа за зголемување на свеста за аерозагадувањето

Шест информативни видеа изработи Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ со цел да ја подигне јавната свест за загадувањето на воздухот како проблем на којшто треба да се работи преку цела година.
- Во последниве неколку години загадувањето на воздухот ширум градовите во Републикава се наметна како проблем кој е сложен и за чие решавање е потребно инволвирање на сите засегнати сектори и институции, меѓутоа и проблем во чие решавање треба активно да учествуваат сите граѓани. Влијанието на секојдневните навики на секој од нас врз животната средина е огромно. Начинот на кој се движиме низ градот, начинот на кој ги загреваме домовите, начинот на кој создаваме отпад и се ослободуваме од истиот имаат значително влијание врз животната средина, велат од „Еко-свест“.
Видеата се изработени со подршка од фондацијата „Хајнрих Бол“.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
