Шест сообраќајки вчера во Скопје, „пајакот“ подигнал 61 возило
Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна незгода е причинета материјална штета.
Според полицискиот извештај, 33 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, еден возач бил под дејство на алкохол, шест возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај бил исклучен и еден почетник.
Исклучени од сообраќај биле и 88 нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 61 возило.
Полицијата санкционирала и три возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач за не давање првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест за неправилно престројување и три возачи за неправилно престигнување.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).
Одделение за превенција СВР Скопје во основното училиште Лазо Трповски, почнува со реализација на едукативни работилници од областа на сообраќајот за ученици од второ и четврто одделение, во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ .
Од страна на Агенција ТРИ СТАР на учениците ќе им бидат донирани сто фосфорни елеци дизајнирани со сообраќајни знаци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024