Шест офицери на АРМ во нова ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Во Министерството за одбрана денеска шест офицери на Армијата на Република Македонија свечено беа испратени како нова ротација на припадниците на АРМ во рамки на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
На испраќањето, министерот за одбрана Зоран Јолевски нагласил дека Македонија е горда на своите мировници, кои во континуитет покажуваат исклучителни способности и вештини.
- Знам дека Вие сте целосно подготвени, имате големо искуство и ќе ја прикажете нашата Армија во вистинско светло, посочил Јолевски.
Според него, освен нашата посветеност кон глобалниот мир, што, како што е наведено во соопштението, е факт кој го препознаваат нашите сојузници, со учеството во мировните мисии, Република Македонија и Армијата добиваат кадри кои се стекнуваат со нови искуства, нови вештини кои се пренесуваат на сите припадници на АРМ.
- Исклучително значајно е што учеството во оваа мисија има нов квалитет – Армијата на Република Македонија учествува со свои офицери во командите на мисијата во Авганистан. Република Македонија во „Одлучна поддршка“ учествува со 39 припадници на АРМ, стои во соопштението од МО.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
