Шест месеци казна од плата за професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син
![]()
Кратење по 15 проценти од плата во рок од шест месеци е вкупната казна која од страна на неготинската гимназија му е изречена на професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на својот син, кој во тоа време бил на екскурзија надвор од државата.
Како што потврдија за МИА од училиштето, дисциплинската комисија формирана за овој случај и составена од тројца членови и нивни заменици, сите професори, одлучила професорот да се казни со одземање на 15 отсто од плата во рок од три месеци.
– Но, тоа беше одлука на Комисијата која одлучуваше врз основа на расположливите податоци само за овој случај, а директорот имаше право да ја прифати таа одлука или да ја дополни. Бидејќи согласно на закон последната одлука околу казната е на директорот, кој пак имаше предвид дека истата личност е казнувана и лани, кога имаше писмена опомена и одземање на класно раководство, па веќе не може да помине со најблагата казна, тој одлучи казната да биде 15 проценти од плата, но во рок од шест месеци. Така е според правилниците според кои се раководеше, изјавија од училиштето за МИА.
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
