Шест медали за вината „Монтеко“ во најсилната светска конкуренција на фестивалот „Мундус вини“ во Германија

Вината на винаријата „Монтеко“ освоија два златни и четири сребрени медали во најсилната светска конкуренција на еден од најпрестижните меѓународни вински натпревари „Мундус вини“ што се одржува во Германија.
Уникатниот печат, грациозниот вкус и арома и врвниот квалитет на вината „Монтеко“ го освоија стручното жири, кое високо ги оцени и им додели златни медали на сувите црвени вина „Вранец“ и „Мерло“ од бербата во 2023 година, додека со сребрен медал се закитија сувото бело вино „Темјаника“ и сувите црвени вина „Каберне сoвињон“, „Филип“ и „Неро“ од бербата во 2023 година.
Освоените одлучија на престижниот вински натпревар добиваат уште поголемо значење бидејќи бутик-винаријата „Монтеко“ ги освои експертите и собра највисоки оценки уште при своето прво претставување на „Мундус вини“.
- „Мундус вини“ е натпревар кој на едно место ја собира винската елита од целиот свет, така што е огромна чест да се освојат највисоки признанија во многу силна конкуренција од 12.000 вина од целиот свет. Вината „Монтеко“ веќе ги освоија вистинските познавачи, но со освоените одличја, a уште повеќе со добиените оцени, докажуваат дека со својот квалитет и сопствениот печат, се вбројуваат помеѓу мал процент на најдобри вина во светот. Тоа е огромно задоволство за нас како тим, бидејќи во нив, покрај нашето знаење и експертиза, вградуваме и исклучителна страст и желба за да го добиеме најдоброто – истакнуваат од винаријата „Монтеко“.
Вината „Монтеко“ имаат уникатен печат кој произлегува од специфичната природна средина во која виреат лозовите насади, прецизната селекција на грозје и врвните производни процеси.
„Мундус вини“ е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари во светот кој се одржува повеќе од 20 години.
Квалитетот на пристигнатите вина, кои секоја година ги има по повеќе илјади, го оценува меѓународно стручно жири составено од висококвалификувани судии – енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари кои ја следат светската винска индустрија.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
