Шест и пол тони Кокаин заплени на брод кај Канарските Острови

Шест и пол тони кокаин се запленети на трговски брод кај Канарските Острови, а деветчлениот екипаж е уапсен, соопшти денеска шпанската полиција.
Операцијата ја спровеле специјални единици на шпанската полиција, кои пресретнале брод под знамето на Танзанија кај Канарските Острови, архипелаг покрај брегот на северозападна Африка, пренесува Бета.
Кокаинот бил пронајден во багажниот простор на бродот, кој испловил од Панама и бил на пат кон пристаништето Виго, во северозападна Шпанија.
Шпанската полиција за транспорот на кокаин била известена од Федералната агенција на САД за борба против трговијата со дрога.
Во октомври 2024 година, полицијата откри 13 тони кокаин во пристаништето Алхесирас, во јужна Шпанија, скриени во контејнер меѓу банани. Властите ја опишаа таа заплена како најголема во историјата на трговијата со дрога во земјата.
Шпанија е една од главните порти за влегување на кокаин во Европа, поради нејзините врски со Латинска Америка, каде што се произведува дрогата, како и поради нејзината географска локација.
MИА
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
