Шест делчевци добитници на општинската награда „7 Септември“

Општина Делчево ги избра годинашните добитници на општинската награда „7-ми Септември“ по претходно објавениот јавен конкурс.
Наградата која годинава локалната самоуправа ја доделува по повод ослободувањето на градот, ќе ја добијат шест кандидати кои со својата работа дале посебен придонес во областа на спортот, здравствената заштита, образованието, филмската уметност и ликовната уметност.
Советниците во општината го прифатија предлогот од Комисијата за доделување награди и признанија, според кој, наградата ќе ја добијат Горан Велков и Љупчо Стојчевски за особени достигнувања во областа на спортот, примариус д-р Виолета Арсовска за особени достигнувања во областа на здравствената заштита, Кристина Петровиќ за достигнувања во областа на образованието, Андреј Илиевски- Волкашин за особени постигнувања во областа на филмската уметност и Петар Атанасовски - Пепин за достигнувања во областа на ликовната уметност.
- Целта е да се оддаде заслуга и почит на поединци или правни лица за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот, велат од општина Делчево.
Наградата се состои во плакета којашто ќе биде доделена на свеченост по повод 7 Септември и паричен износ од 3.000 денари. Средствата за наградата се обезбедени од Буџетот на општина Делчево.
Ново на Сител
-

Трипуновски: Од почетокот почнавме со решавање на наталожените
-

Струмичкиот музеј чува модел на фудбалска топка од финалето на првото Светско првенство во Уругвај
-

Јаневска од Штип - од есен реновирање на 7 студентски домови во државата
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
