-->
-->
Шервуд воодушевен од одлуката на Делф кој го одби Сити
-->

Менаџерот на Астон Вила, Тим Шервуд беше воодушевен од потег на капитенот Фабијан Делф да одбие трансфер во Манчестер Сити.
Делф во саботата соопшти дека сака да остане во Астон Вила, иако во моментов не е со клубот, туку се наоѓа кај своето семејството.
- Благодарност до Фабијан на голем потег. Тој е голем лидер и кога капитенот ќе направи нешто такво, тогаш сите ќе го следат. Мислам дека тука почнуваме да градиме нешто големо, рече Шервуд.
Се проценува дека трансферот на Делф во Манчестер Сити би вредел осум милиони фунти.
Минатата сезона Астон Вила обезбеди опстанок во Премиер лигата и играше во финалето на ФА Купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
-

Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
-

Десетта жртва со западно-нилска треска во земјата
