Шеќеринска на одмор сместена во екслузивна приватна вила со базен

Според фотографиите кои ги доби Република од Јонскиот брег очигледно е дека заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, била сместена во ексклузивна приватна вила на самиот брег на Јонското море. Вилата според фотографиите располага со сопствен базен.

-Пребарувајќи по интернет лесно е да се заклучи дека во најсилниот туристички бран вакви ексклузивни вили, во прва линија покрај море и со сопствен базен, не можат да се изнајмат за цена помала од 400 евра за вечер. За некоја од овие вили цената може да достигне и до 1000 евра во зависност од тоа како се опремени во својата внатрешност, пишува Република.

На дел од фотографиите јасно се гледа добро познатиот луксузен бел џип регистриран и во сопственост на име на фирмата Дајнерс. Република потсетува дека со овој џип долго време управуваше Радмила Шеќеринска, се до моментот додека не беше уловена од новинарите. Но тоа не смета службениот џип да се користи за приватен одмор.

Република вчера известие дека Радмила Шеќеринска е на одмор во местото Сивота на Јонското море кое важи за едно од полуксузните места на западниот брег на Грција. Во ова место има голем избор од преубави плажи, многу мали островчиња со можност за пловидба до нив, идилични пејсажи и луксузни апартмани и вили за сместување.

Заменик претседателот на СДСМ е позната во јавноста по скапиот живот, луксузниот стил на облекување, џипови, големи станови и луксузни вили. Се надеваме дека овогодинешниот одмор и ги исполнил очекувањата.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
