Шекеринска на средба со офицерите од 7. ротација на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“
Шест офицери на Армијата на Република Македонија кои ќе заминат како дел од новата ротација во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, денеска се сретнаа со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заманик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај.
Министерката Шекеринска, како што информираат од нејзиниот кабинет, на средбата им посака многу успех и среќа во извршување на задачите и додаде дека Македонија ја анализира можноста за зголемен ангажман во оваа мисија.
- Вашето учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан за Македонија претставува двоен бенефит – тоа ја покажува нашата силна волја да придонесеме во меѓународните мировни мисии, што силно ја поддржува нашата амбиција за членство во НАТО, но учеството значи и големо искуство за АРМ кое го пренесувате и на своите колеги, рече Шекеринска.
Генералот Рацај, се вели во соопштението, им порача на офицерите на АРМ, како и досега, достојно да ја претстават Армијата и Македонија, да продолжат професионално да ги извршуваат своите задачи и здрави и живи да се вратат дома кај своите семејства.
Ново на Сител
-
Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас
-
Kонституиран новиот собраниски состав, Гаши нов спикер
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Дел од Ѓорче Петров и Карпош без струја
-
Путин: Оружјето со долг дострел за Киев може да има „сериозни последици“ за Европа
-
УНРВА: Речиси еден милион Палестинци го напуштиле градот Рафа во последните три недели
-
Примена на смртната казна во светот на највисоко ниво од 2015 година
-
Состојба на патиштата