Шекеринска: На сите им кажуваме - стратешките одлуки се наши
Изјавите што ги добивме од Русија во последно време не се позитивни, меѓутоа не се ни изненадување, особено по минатогодишниот став дека Русија има одредено мислење за нашите стратешки цели. Ние сакаме да имаме добри односи со Русија и инвестираме во добри односи, но на сите, и на соседите, и на другите држави, им ја повторуваме истата реченица-стратешките одлуки се наши.
Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска по посетата на Воено-медицинскиот центар во Скопје.
Таа посочи дека од 1992 година оваа земја го изрази својот национален консензус за членство во ЕУ и во НАТО.
- Не се мешаме во туѓите работи, но сакаме нашите одлуки да бидат наши. На тој начин се брани сувереноста, на тој начин се брани независноста, на тој начин се брани сопствената земја, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста