-->
-->
Шекеринска: Македонија е посветена на реформите и на членството во ЕУ
-->
На маргините на Минхенската безбедносна конференција, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска имаа средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска на средбата истакнала дека Македонија е силно посветена на решавање на проблемите и предизвиците кои се на патот на членството во ЕУ и НАТО-Алијансата. Министерката истакнала дека Планот 3-6-9 се реализира со силно темпо и дека Македонија и Владата покажаа еден нов пристап во политиката кон соседите.
Комесарот Хан, како што се наведува ги поздравил реформските напори на Владата и изразил подготвеност ЕУ да ја продолжи поддршката за Република Македонија во реализација на зацртаните реформи.
Во Минхен, министерката Шекеринска се сретна и со канадскиот министер за национална одбрана, Харџит Саџан кој даде целосна поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО, како и за реформските политики на Владата. Саџан изрази благодарност за придонесот на Армијата на Република Македонија во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Министерката за одбрана оствари средба и со црногорскиот колега Предраг Бошковиќ, на која беше истакната одличната билатерална соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната, како и силната црногорска поддршка за членство на Македонија во Алијансата.
Во текот на утрешниот ден, министерката Шекеринска освен учеството на Минхенската конференција, ќе се сретне со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и со заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер, соопшти Министерството за одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
