Шехпаска апелира пратениците да ги поддржат предложените закони од СДСМ

Пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска денеска упати апел до сите пратеници во Собранието да ги поддржат законски измени предложени од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ што, како што рече на прес-конференција, носат придобивка за сите граѓани.
Според Шехпаска, ветувањата што беа дадени пред граѓаните и за кои што гласаше мнозинството граѓани, стануваат реалност.
Со законите во собраниска процедура, како што наведе ќе се овозможи работниците со ниски примања да можат да користат субвенции за бесплатно летување, а пензионерите да добиваат зголемување и усогласување на пензиите согласно зголемувањето на платите во државата и согласно порастот на трошоците на живот. Вработените во текстилната, кожарската и индустријата за обувки ќе добиваат 12.000 денари плата, над 3.000 стечајци ќе добиваат 7.569 денари месечно и се укинува и радиодифузната такса.
- Сето ова е веќе преточено во закони кои се во собраниска процедура, што парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги усвои во претстојниот период, рече Шехпаска, потенцирајќи и дека воведувањето на дневната тарифа на евтина струја е веќе во процедура.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
