-->
-->
Шефот на катарската дипломатија вели дека признавањето на талибанците како власт во Авганистан не е приоритет
-->
Министерот за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, изјави дека признавањето на талибанците како влада на Авганистан не е приоритет, но дека соработката со исламистичкото движење може да биде позитивна.
Тој рече дека талибанците покажале дека се отворени за предлози со цел во новата влада да има претставниците на сите политички опции во земјата во новата влада.
На прес-конференција во Доха, Ал-Тани исто така рече дека безбедносните и оперативните разговори поврзани со аеродромот во Кабул се уште се во тек.
Талибанските борци вчера позираа во напуштените американски авиони, откако влегоа на аеродромот во Кабул, само неколку часа откако последниот американски војник го напушти Авганистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани