Шефот на кабинетот на Зеленски смета дека Русија „почнува со гасна уцена“
Киев ја обвини Русија за уцена на Европа, со прекинот на испораката на гас за Полска и Бугарија, како и дека со тоа се обидува да го разбие единството на сојузниците на Украина.
Како што јавуваат странските агенции, Полска, која е членка на НАТО, е меѓу европските земји што бараат најстроги можни санкции против Русија, поради инвазијата на Украина. Бугарија, исто така членка на Алијансата, речиси е во целост зависна од увозот на рускиот гас.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, смета дека Русија „почнува со гасна уцена“.
– Русија се обидува да го разбие единството на нашите сојузници. Земјата, исто така, докажува дека енергетските ресурси се оружје. Затоа Европската унија треба да биде обединета и да воведе ембарго на енергетски ресурси, одземајќи им го на Русите нивното енергетско оружје, изјави Јермак.
Рускиот претседател Владимир Путин побара „непријателските“ земји да плаќаат за гас во рубљи, што, досега, ова го прифатија само неколку купувачи.
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
