Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес

Директорот на Федералната полиција на Бразил, Андреи Родригес денеска во врска со експлозијата пред зградата на Врховниот суд во Бразилија изјави дека сведочењето на поранешната сопруга на осомничениот укажува дека нападот бил насочен кон судијата на Федералниот суд, Алехандре де Мораес.
Тој на прес-конференцијата рече и дека полицијата ја истражува можноста нападот да бил дел од поширок план, поврзан со екстремистички групи активни во земјата. Иако мотивот се уште не е потврден, властите се сомневаат дека се работи за терористички акт или обид за државен удар.
Во моментов се истражува дали осомничениот за нападот бил вмешан и во нередите што се случија на 8 јануари, кога приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро ги нападнаа државните институции.
Инспекторите истражуваат дали цел биле и други функционери.
Полицијата соопшти дека во близина на местото на експлозијата била пронајдена кутија, која може да биде поврзана со нападот.
Директорот на Федералната полиција изјави дека имал средба со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за да разговара за нападот.
Како што беше претходно објавено, бразилската полиција го идентификуваше мажот кој вчера изврши самоубиство активирајќи бомба пред зградата на Врховниот суд.
Мажот е идентификуван како Франциско Вандерли (59), кој претходно ги загуби изборите за градскиот совет на Рио до Сул во 2020 година како член на Партијата на слободата на Болсонаро.
Експлозијата предизвика сериозна загриженост за безбедноста само неколку дена пред самитот на Г20 во Рио де Жанеиро и пристигнувањето на кинескиот претседател Си Џинпинг во Бразил.
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
