Шарлиз Терон: Тешко е да се биде убава
Познатата актерка Шарлиз Терон (40) изјави дека за актерка во соврмениот свет е тешко кога е убава.
- Преубавите актерки брзо ги одбиваат денес. Тоа е среќа за оние актерките кои не се толку многу убави. Погледнете колку улоги има за тенки и преубави манекенки, многу малку, смета Терон.
Таа истака дека и сама присуствувала на некои кастинзи каде убавите актерки биле одбиени меѓу првите, а изјави и дека во Холивуд постојат двојни стандарди.
- Живееме во општество каде жените копнеат, а мажите стареат како добро вино. Така е затоа што жените тоа самите го прифатиле, рече Терон.
Таа изјави и дека жените со години чекале општеството да се промени само од себе што тоа не се случи.
- Мислам дека постојат нереални стандарди за тоа како жените би требало да изгледаат кога ќе наполнат 40 години, рече Терон.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот