Шарл Мишел: Европејците се разочарани од проектот ЕУ

Белгискиот премиер Шарл Мишел оцени дека додека европските лидери на денешниот самит на Европската Унија мора да расправаат „што по Брегзитот“, бидејќи европските граѓани се се поразочарани од проектот ЕУ.
- Мора да покажеме дека Европа навистина има дополнителни вредности кои нашите сограѓани се уште можат да ги почувствуваат, рече Мишел пред новинарите, додавајќи дека граѓаните моментно ја перцепираат Европа како технократија.
Неговиот холандски колега Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, исто така смета дека евроскептицизмот е прилично висок и тоа не само во Велика Британија.
Премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел пак, оцени дека е исклучително важно ЕУ да покаже единство.
- Покрај „разединетото“ Обединето Кралство, нам ни треба обединета Европа повеќе од кога било, истакна Бетел.
Денешното продолжение на Самит на ЕУ, на кое ќе се разговара за последиците од Брегзитот, ќе се одржи без присуство на британскиот премиер Дејвид Камерон, а високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ќе ја прретстави новата Глобална стратегија за безбедност и надворешна политика.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
