Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари
Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.
Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.
Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.
Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.
Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова во работна посета на Република Казахстан
-
Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун повреденa од трагедијата во Кочани
-
СВР Битола во месец мај од слобода лиши 39 дилери на дрога и оружје
-
Ангелов: Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија
-
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
-
Avant2Go - стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата
-
ЕК започна истрага против четири порно сајтови поради неефикасна заштита на малолетниците
-
Се криеле во товарен простор наменет за палети, спречен нелегален влез на седум мигранти