-->
-->
Шампионската титула за ЖРК Вардар
-->

Ракометарките на ЖРК Вардар со победа над Металург од 34:28 (23:12) ја завршија сезоната во домашното првенство и со максимален учинок го освоија шампионскиот пехар. Во текот на целиот натпревар ЖРК Вардар беше во водство, кое сепак ракометарките на Металург го намалија во самиот финиш од дуелот.
Шампионскиот пехар на капитенот Ина Суслина и го предаде генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија Филип Милошевски.
Најефикасна кај Вардар беше Олга Черноиваненко со 8 голови, додека Марија Николиќ од Металург постигна 9.
Ова воедно беше и последен натпревар за четири ракометарки, кои добија и подароци: Черноиваненко, Сокач, Грбиќ и Дембеле.
Плеј офот завршува во сабота кога треба да се одигра дуелот меѓу Куманово и Пелистер. Вардар е прв со 24 бодови, а Вардар јуниор и Металург имаат по 15, но составот на Вардар Јуниор е на второто место се бидејќи има подобра меѓусебна гол разлика.
За ЖРК Вардар ова е вкупно 4.та титула шампион на Македонија и сите се освоени од 2013 година до 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
