Шаќири: Не е неуспех што 800 македонски студенти се запишале на студии во Љубљана
Не е неуспех што оваа учебна година 800 македонски граѓани се запишале на студии на Универзитетот во Љубљана, кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири за МИА.
-Секој одлучува сам каде сака да се запише, навистина не го сметам за неуспех, бидејќи и ншето Министерство има дадено придонес во договорите што ги има во билатералните соработи со Република Словенија. И ние сме во фаза на подготвување на кадар, ние сме мала земја, секое добро искуство добиено и внатре и надвор ако сите заедно ги сумираме мислам дека ќе дадат добар придонес во наредниот период во нашите виосокообразовни институици да имаме подобар успех, имаме и ние студенти што доаѓаат кај нас, од Турција, Албанија, дури и од Шпанија. Младите треба сами да одлучуваат, а ние треба одговорно да работиме за да создадеме што подобри услови. Тие што се запишуваат во Словенија гледаат добра можност, секое нивно добро искуство ние како земја треба да го искористиме во наредниот период, вели Шаќири.

На прашање дали мисли дека постои начин да се вратат македонските студенти од Словенија, министерот одговори дека нашата работа и искуство повеќе ќе се вреднува ако даваме придонес во нашето општество.
-Колку сме задоволни со тоа колку се враќаат искрено кажувам дека има одредена бројка која сака и студира надвор за да даде придонес за нашата земја, има и од тие студенти кои завршуваат, но едно ќе кажам ако сакаме сите да дадеме придонес за во нашата земја да биде подобро сите треба да размислиме, бидејќи нашата работа и искуство повеќе ќе се вреднува ако даваме придонес во нашето општество. Ние можеме да бидеме 20 или 30 години надвор од нашата земја да го искористиме искуството, но секогаш ќе се вратиме во нашата земја и секое добро, секој што треба да даде придонес и да ќе треба сите да работиме за подобри услови, на пример, тие што завршуваат за ИТ инженери сега имаат добри услови во нашата земја, ќе треба да работиме за подобри услови во здравството, јас одговорно кажувам дека ќе треба да работиме за подобри услови во основното, средното и високото образование, бидејќи ние кога ќе имаме подобри услови, и тоа што се очекува од нас ќе имаме простор да очекуваме и ние повеќе од нив, да очекуваме да го дадат придонесот во нашата земја. Јас секогаш имам надеж дека најголемиот успех и најголемото докажување секој може да го постигне во земјата од каде доаѓа, кажа Шаќири.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
