-->
-->
Шакира го откажа настапот на свеченото отворање на Светското првенство
-->
Колумбиската пејачка Шакира нема да настапи на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал во 2022 година.
Според шпанскиот весник „Марка“ 45-годишната Шакира реши да го откаже настапот неколку дена пред почетокот на турнирот поради критиките кон Катар по прашањето за човековите права.
Забележано е и дека претходно Дуа Липа и Род Стјуарт ја одбија можноста да бидат дел од свеченото отворање.
Да потсетиме дека Шакира е автор на песната „Waka Waka“, која стана официјална химна на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година.
Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
