Шахпаска: Со петтиот пакет мерки ќе бидат опфатени и лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информира дека дел од анализите во владините структури е и директната финансиска поддршка на лицата со попреченост во рамки на петтиот пакет мерки за справување со Ковид кризата. Според неа, во тек е анализа кои категории не биле воопшто опфатени со мерките.
-Разговараме овој последниот пакет, дел од лицата со попреченост кои што по друг основ не биле внесени во мерките за финансиска поддршка што ги дава Владата да бидат внесени во овој петтиот пакет. Како Министерство ја правиме анализата од она што го имаме како податоци во нашите регистри по различни основи. Не е тоа голема бројка, така да верувам дека млку остананале неопфатени според нашите првични анализи. Доаѓаат апели за поддршка на семејствата со деца кои посетуваат дневни центри, изјави министерката од тетовско Камењане каде присуствуваше на отворање на првата тамошна градинка.
Таа потсети дека и досега постоела индиректна помош за одредени категории на лица со попреченост.
-Имавме пензионери кои се и граѓани со попреченост, или примаат додаток за попреченост или додаток за помош и нега. Дел од другите се приматели на социјална пензија. Дел од нив се приматели на семејна пензија, дел од барателите кои се лица со попреченост пријавено во агенцијата за вработување, истакна Шахпаска.
Министерството за труд и сиоцијална политика овие анализи ги координира со кабинетот на вицепремиерот за економски прашања.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп