Шахпаска: Го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост, но нивната инклузија во општеството е наше секојдневие
Сите заедно треба да ја зголемиме свеста и да ја разбереме различноста на лицата со попреченост, бидејќи секој човек е подеднакво важен, порача министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Според министерката, процесот на деинституционализација како дел од социјалната реформа, продолжува успешно да се спроведува. Трансформацијата на грижата на децата без родители и родителска грижа и лицата со попреченост во форми на згрижување, како згрижувачки семејства, групни домови и живеење со поддршка во заедницата, вели Шахпаска, секојдневно ја потврдува својата успешност.
– Лицата со попреченост најмногу од се бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата е нивната инклузијата во сите општествени текови, вели Шахпаска.
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, три проекти на Министерството за труд и социјална политика, проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, проектот „Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење – ОАСИС“ и проектот „Добивање живот – Деинституционализација на корисниците на Специјалниот завод Демир Капија – ПИН“ финансирани од Европската Унија, кои во моментов го поддржуваат воспоставувањето на социјални услуги во заедницата и спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација, заедно ја спроведуваат кампањата за подигање на јавната свест „Ставете нѐ на вашиот ѕид”.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
