Шафкат Мирзијојев избран за нов претседател на Узбекистан
Актуелниот узбекистански премиер Шавкат Мирзијојев победи на вчерашните претседателски избори во Узбекистан со освоени 88,61 отсто од гласовите, соопшти денеска узбекистанската Централна изборна комисија.
Веднаш по објавувњето на целосните изборни резултати, Мирзијојев изјави дека тој ќе продолжи по патот што го трасираше неговиот претходник, покојниот узбекистански претседател Ислам Каримов, кој почина во септмври годинава по 27 години минати на претседателската функција.
Каки што јави ТАСС, 59-годишниот Мирзијојев, кој на изборите настапи како кандидат на владејачкото Движењето на претприемачите и деловните луѓе - Либерално демократска партија на Узбекистан, уште доцна синоќа прогаси победа на изборите, по објавувањето на првичните изборни резултатите кои укажуваа на негово убедливо водство.
Тој досега ја извршуваше и функцијата времен претседател на Узбекистан, откако првиот човек на Парламентот, кој според Уставот требаше да ја врши оваа должност по смртта на Каримов, се откажа од неа во полза на премиерот Мирзијојев.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол