-->
-->
Севиља - Ливерпул за трофејот во ЛЕ
-->
Екипите на Севиља и Ливерпул вечерва ќе се борат за трофејот во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лига Европа.
Имено вечерва на стадионот Сент Јакобс во Базел, ќе се одигра финалниот меч во Лига Европа.
Шпанскиот тим Севиља е најтрофејната екипа во ова натпреварување, со четири трофеи, од кои два во низа. Андалузијците ќе се обидат да стигнат до хет-трик, откако лани беа подобри од украински Днипро, а година претходно на пенали ја победија Бенфика.
Севиља првите две титули ги освои 2005 и 2006 откако во финалето беше подобра од МИдлсборо односно Еспањол.
За Ливерпул ова ќе биде четврто финале, во кое ќе се обидат да го освојат и четвртиот трофеј, откако во претходниот форман на ова натпреварување под името УЕФА Куп, тимот од „Енфил'' триумфираше во 1973, 1976, 2001.
Вечерашниот меч меѓу Севиља и Ливерпул кој ќе започне од 20.45 часот не е само дуел за трофејот, туку и дуел за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
