Северокорејската ракета не претставувала „закана“ за САД

Ракетата што вчера беше лансирана од страна на Северна Кореја и прелета преку Јапонија, не претставувала закана за САД, соопшти Пентагон, наведувајќи дека се уште се собираат информации за истрелувањето.
Проценките на јужнокорејскиот Генерален штаб покажаа дека ракетата прелетала околу 2.700 километри и достигнала височина од околу 550 километри.
Јапонската Влада соопти дека ракетата прелетала над Јапонија и паднала во Тихиот Океан, на околу 1.180 километри источно од градот Еримом, на северниот јапонски остров Хокаидо.
Јапонската телевизија „Ен-Ејч-Кеј“ јави дека ракетата се распаднала на три делови.
Во североисточните и северните делови на Јапонија движењето на брзите возови беше привремено запрено. По проверката на безбедносните системи, движењето продолжи.
Јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера, по вонредната седница на кабинетот, наведе дека се уште се извршува анализа на податоците за ракетата, вклучително и за височината на нејзиното летање.
Главниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга нагласи дека таквото истрелување на балистичка ракета од Пјонгјанг претставува сериозна и голема закана за неговата земја, за што Токио ќе протестира и ќе реагира. Лансирањето претставува сериозно кршење на резолуциите на ОН.
Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно истакна дека треба да се изврши поголем притисок врз Северна Кореја.
Поранешен јужнокорејски војник, кој работи како аналитичар во Институтот за далекоисточни истражувања во Сеул, оценувајќи по првичните податоци, претпостави дека станува збор за ракета „Хвансон-12“ - нова ракета со среден дострел, за што Северна Кореја се закани дека ќе биде лансирана од островот Гуам.
Друг јужнокорејски експерт констатираше дека може да била истрелана ракета со среден дострел „Мусудан“, што е со опсег од 3.500 километри, или „Пукгуксон-2“ - ракета со тврдо гориво, што може да биде лансирана побрзо од ракета со течно гориво.
Ново на Сител
-

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
