Северна Кореја тврди дека ЦИА се обидела да го убие Ким Џонг-ун
Државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА денеска ги обвини САД дека се обиделе да го убијат севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.
- Група одвратни терористи се инфилтрираа во нашата земја по наредба на ЦИА и марионетската разузнавачка служба на Јужна Кореја, со цел да извршат државен терористички чин врз нашето врховно раководство, користејќи биолошки и хемиски супстанци. Тие беа фатени и разоткриени. Овој чин го покажа вистинскиот карактер на САД како главен виновник зад тероризмот, објави севернокорејската новинска агенција.
Наводниот обид се случил во мај. Тогаш Северна Кореја соопшти дека имало обид за напад со биолошко оружје, а во денешното соопштение го доведува тој напад во врска со САД и ЦИА.
Односите меѓу САД и Северна Кореја се крајно затегнати, и Ким и американскиот претседател Доналд Трамп редовно си разменуваат закани со меѓусебно уништување.
Во февруари, полубратот на Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, беше убиен на аеродромот во малезискиот главен град Куала Лумпур од две жени кои го испрскаа со хемиски отров. Ким Џонг-нам беше противник на севернокорејскиот режим и се смета дека бил убиен од страна на Северна Кореја за да се спречи евентуален обид за преземање на власта и раздор во семејството кое владее со комунистичката држава од нејзиното формирање во 1948 година.
Ново на Сител
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус