Свет
2. December 2016 - 11:43

Северна Кореја спроведува артилериска вежба, замислената цел е Сеул

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, откако Советот за безбедност на Обединетите нации воведе нови санкции против Пјонгјанг, организираше артилериски вежби, во кои меѓу замилените цели беше и Сеул.

- Доколку избие војна, вакви смртоносни напади би биле извршени врз јужнокорејските сили, со цел уште во самиот почеток целосно да се скрши нивната подготвеност на противнапад и целосно да се избришат, изјави Ким, јавија севернокорејски медуми. 

- Никој и ништо нема да преживее, рече Ким, додека вчера ги водеше вежбите на пограничната артилериска единица.