Северна Кореја соопшти дека нема да се денуклеаризира се додека САД први не ја отстранат нуклеарната закана
Северна Кореја соопшти дека никогаш нема еднострано да се откаже од своето нуклеарно оружје, се додека САД први не ја укинат својата нуклеарна закана, јави официјалната корејски новинска агенција КЦТА.
Соопштението доаѓа во момент кога разговорите меѓу САД и Северна Кореја за денуклеаризација се во ќор-сокак. Изјавата предизвика уште повеќе сомнежи дали севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун некогаш ќе се откаже од нуклеарниот арсенал, на кој гледа како најголема гаранција за опстанок.
Ким и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа во Сингапур во јуни, по што соопштија за нејасно формулираната цел за „целосна денуклеарија“ на Корејскиот полуостров без детално да се опише кога и како тоа ќе се случи.
Потоа разговорите за ова прашање влегоа во ќорсокак, затоа што Северна Кореја инсистираше на укинување на меѓународните санкции против неа, пред да има каков било напредок во денуклеаризацијата.
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада